Кошарка
21. December 2019 - 11:24

Евролига: Звезда го изненади Олимпијакос, ЦСКА славеше во Истанбул

Занимливо беше и во Евролигата особено во Белград каде Црвена Звезда успеа да направи голем пресврт и да слави против Олимпијакос со 88-81 откако одлично ја одигра третата чатвртина во која српскиот тим направи предност од 23-11.

Јунак на Звезда беше Лоренцо Браун со 34 поени.

Значајна победа од 81-80 забележа ЦСКА на гостувањето во Истанбул кај фаворизираниот Ефес. Мајк Џејмс кој постигна 28 поени на мечот ја донесе победата со поени во последните 17 секунди.