Кошарка
26. January 2017 - 21:44

Евролига: Трае победничката серија на Црвена Звезда

Екипата на Црвена Звезда ја постигна седмата победа во серија во кошаркарската Евролига или вкупно 12.та победа. Црвена Звезда победата над Панатинаикос од 72:66 ја обезбеди во последната четвртина. Најдобар поединец за победникот беше Огњен Кузмиќ со 10 поени и 14 скокови, додека најефикасен на дуелот беше Кени Габриел од Панатианикос со 23 поени.
 
Кошаркарите на Фенербахче во „градската пресметка“ на Истанбул го победија Галатасарај со 85:80 и ја постигнаа 13.та победа во Евролигата.
Во тек е дуелот Макаби – Уникс Казан.
 
Утре се играат пет натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Анадолу Ефес, Дарушафака – Жалгирис, Барселона – Басконија, Олимпијакос – Бамберг и Реал Мадрид – Армани Милано.