Кошарка
31. December 2015 - 12:51

Евролига - ТОП 16: Комплетирано 1.коло, Антиќ донесе победа за Фенер

Кошаркарските евролигаши со синоќа одиграните пет натпревари го комплетираа првото коло од ТОП 16 фазата. Гостите постигнаа само две победи. Одличен настап во дресот на Фенребахче имаше Перо Антиќ, кој постигна 12 поени (постигна три тројки) и имаше 5 скокови за 28 минути.
 
Лаборал славеше на гостувањето кај Жалгирис, додека Локомотив Кубан беше подобар од Цедевита. Блиску до гостинска победа беше и Црвена Звезда која минимално загуби на гостувањето во Истанбул кај Анадолу Ефес.
 
Резултати прво коло:
 
Е група: 
Малага – Дарушафака 70:62, 
Анадолу Ефес – Црвена Звезда 85:84, 
Цедевита – Локомотив Кубан 75:89 и 
Фенербахче – Панатинаикос 82:75.
 
Ф група: 
Химки – ЦСКА Москва 91:89, 
Олимпијакос – Барселона 74:62, 
Жалгирис – Лаборал 68:89 и 
Реал Мадрид – Бамберг 82:79.