Кошарка
3. October 2020 - 10:32

Евролига: Порази на Реал и Ц.Звезда

Пјерија Хенри го имаше мечот на кариерата во Евролигата, за да ги предводи Басконија до голема 76:63 победа над Реал Мадрид во првото коло на елитното европско натпреварување.
 
Домаќините имаа 58:54 предност, кога Хенри постигна осум поени во низа за да ги остави „кралевите“ со пораз на стартот. Хенри го заврши мечот со 23 поени, 6 асистенции и 2 украдени топки, Алек Петерс додаде 18 поени, а Лука Вилдоза 12.
 
Фенербахче со новиот тренер, Игор Кокошков, немаше вакви проблеми и со 77:63 ја совлада Црвена звезда, откако белградскиот клуб не успеа да се врати во игра по анемичното прво полувреме.
 
Поранешниот кошаркар на Звезда, Лоренцо Браун беше најефикасен за Фенер со 17 поени, Улановас додаде 13, а Нандо де Коло 12, а за српскиот клуб, Џордан Лојд имаше 15 поени.
 
Панатинаикос, пак, во последната четвртина успеа да „украде“ 78:76 победа на гостувањето ка ј Химки. „Зелените“ имаа предност од 11 поени во првата четвртина, но Химки се врати во игра до крајот на полувремето и имаа водство пред последната четвртина, кога Фостер со две слободни фрлања го обезбеди триумфот. Папапетру со 16 поени и Митоглу со 12 беа најефикасни за ПАО.
 
ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО
 
Химки – Панатинаикос 76:78 (17:24, 22:17, 23:18, 14:19)
 
Фенербахче – Црвена звезда 77:63 (24:20, 18:10, 15:11, 20:22)
 
Баерн Минхен – Милано 79:81 (14:15; 17:17, 24:22; 15:16, 9:11)
 
Басконија – Реал Мадрид 76:63 (15:16, 18:13, 19:20, 24:14)