Кошарка
28. November 2020 - 12:34

Евролига: Порази на Барса и Фенербахче

АСВЕЛ Вилербан ја прекина низата од два порази на спектакуларен начин, победувајќи ги фаворитите Барселона со 80:68 во 11. коло во Евролигата, ставајќи крај на серијата од седум победи на каталонскиот тим.
 
Дејвид Лајти беше клучен играч во третата четвртина, кога АСВЕЛ ги „прегази“ фаворитите, за да заврши со 17 поени, 2 скока и 2 асистенции, а Норик Кол доаде 14. За Барселона Никола Миротиќ имаше 14, а Ник Калатес 12.
 
Во Истанбул пак, Сем ван Росом ги предводеше Валенсија до камбек 90:86 победа над Фенербахче, зголемувајќи ја мизеријата на турскиот клуб и нивниот тренер Игор Кокошков, кој сега има четири порази во низа. Валенсија сега има 7-3 скор, додека Фенер падна на 4-7.
 
Ван Росом имаше 20 поени, Дерик Вилијамс и Клемен Препелич додадоа 13, додека за Фенер, Дајшон Пјер имаше 18 поени, а Боби Диксон заврши со 16.
 
ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО
 
Фенербахче – Валенсија 86:90 (17:16, 26:17, 21:26, 22:31)
 
Панатинаикос – Баерн Минхен 83:76 (18:13, 26:22, 16:19, 23:22)
 
Асвел Лион – Барселона 80:68 (25:19, 20:17, 20:17, 15:15)