Кошарка
26. April 2017 - 8:47

Евролига: Полуфинале за Фенербахче и за ЦСКА Москва

 Екипите на Фенербахче и на ЦСКА Москва се пласираа на завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига.
 
Двете екипи ги остварија и третите победи во рамките на четвртфиналната рунда и со максимални 3-0 во победи ги елиминираа Панатинаикос и Басконија.
 
Во Истанбул, Фенербахче убедливо со осумнаесет поени разлика 79:61 го совлада Панатинаикос , додека актуелниот европски првак московска ЦСКА на гостувањето во Шпанија, во уште еден неизвесен меч беше подобра од Басконија со 90:88.
 
Кои ќе бидат противници на Фенербахче и ЦСКА Моксва ќе биде познато по одигрувањето на преостанатите два четвртфинални дуели во кои моменталниот резултат е израмнет 1-1 во победи. 
ЦСКА Москва во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Олимпијакос - Анадолу Ефес, додека Фенербахче за ривал ќе ја има подобрата екипа од дуелот меѓу Дарушафака и Реал Мадрид.
 
Денеска во Истанбул ќе се одиграат двата натпревари, во кои Дарушафака го пречекува Реал Мадрид, а Анадолу Ефес е домаќин на Олимпијакос.