Кошарка
21. October 2017 - 7:46

Евролига: Победи на домашните екипи

На четирите натпревари од 2.коло од Евролигата одиграни синоќа победија домашните екип, а во комплетнара рунда триумф на гости постигна само европскиот првак Фенербахче. 
Во триумфот на Црвена Звезда над Барселона македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше на чекор до „дабл-дабл“ со 10 поени и 9 скокови, додека најефикасни беа Милко Бјелица и Тејлор Рочести со 23 односно 22 поена.
На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Црвена Звезда - Барселона 90:82, Химки - Жалгирис 85:77, Олимоијакос - Уникаха 80:75, Валенсија - Ефес  78:71.
Во четвртокот: Макаби - Басконија 74:68, Панатинаикос - Бамберг 93:83, Реал Мадрид - ЦСКА Москва 82:69 и Милано - Фенербахче 86:92.
По две победи имаат четири екипи: Реал Мадрид, Макаби, Олимпијакос и Химки.