Кошарка
26. February 2016 - 9:28

Евролига: „Падна“ и Фенербахче

Кошаркарите на Фенербахче, во Атина, го претрпеа првиот пораз во Топ 16 фазата во Евролигата. Во мечот од осмото коло Панатинаикос го победи Фенербахче со 76:71.
 
Фенрбачхе загуби во Атина, иако во последната минута успеа да стигне до само кош негатива и имаше напад за водство. Панатинаикос го одигра еден од најдобрите мечеви во сезоната и ја забележа четвртата победа в низа во Топ 16 фазата.
 
Вилијамс со 14 и Радуљица со 13 поени беа најефикасни кај победникот, додека во тимот на Фенербахче најефикасни беа центрите, Јудо со 19 и Весели со 16 поени.
 
Перо Антиќ, поради повреда и на овој натпревар не беше во составот на Фенербахче.
 
Група Е:
 
Дарушафака-Уникаха 78:55 (19:16, 18:12, 22:17, 19:10)
 
Локомотив Кубан-Цедевита 87:63 (29:12, 15:21, 26.13, 17:17)
 
Панатинаикос-Фенербахче 76:71 (15:20, 21:16, 19:17, 21:18)
 
Црвена ѕвезда-Анадолу Ефес (петок)
 
Група Ф:
 
ЦСКА-Химки 108:98 (28:23, 25:23, 24:20, 31:32)
 
Бамберг-Реал Мадрид 86:90 (26:23, 19:23, 20:26, 19:18)
 
Лаборал Куча-Жалгирис 71:65 (22:20, 10:12, 13:21, 26:12)
 
Барселона-Олимпијакос (петок).