Loading Video...
Кошарка
30. October 2019 - 12:20

Евролига: Милано ја спаси честа на гостинските екипи

Екипата на Милано ја оствари единствената победа за гостинските тимови на средбите од 5.коло во Евролигата одиграни синоќа. 
 
Италијанскиот тим славеше триумф на гостувањето во Берлин кај германскиот шампион Алба со 81-78. 
 
На останатите три средби победи остварија домашните тимови и тоа во Истанбул, Анадолу Ефес немаше проблеми во дуелот со Црвена Звезда која ја порази со 85-70. 
 
Химки во Москва славеше над Панатинаикос со 103-86, додека најнеизвесниот меч го одиграа Лион Вилербан и Басконија кој француската екипа го доби со 66-63.
 
Денеска на програмата се преостанатите пет дуели, а дербито е во Тел Авив каде Макаби го пречекува Фенербахче.