Кошарка
16. November 2016 - 8:28

Евролига: Макаби поуспешен од Фенербахче

Кошаркарите на Макаби ја постигнаа третата победа во Евролигата откако синоќа на домашен терен го победија Фенербахче со 87:77, а за гостите од Турција ова беше трет пораз. Најефикасен на дуелот беше Сони Вимс од Макаби со 22 поена. Вредна и минимална победа оствари Црвена Звезда на гости кај Бамберг.
Резултати на вчера одиграните натпревари од 7.коло:
Макаби – Фенербахче 87:77,
Анадолу Ефес – Уникс Казан 104:99,
Бамберг – Црвена Звезда 78:79 и
Армани Милано – Басконија 88:76.
 
Вечерва се играат другите четири дуели од ова коло:
Дарушафака – ЦСКА Москва,
Олимпијакос – Барселона,
Реал Мадрид – Панатинаикос и
Жалгирис – Галатасарај.
 
Табела: ЦСКА Москва 6-0 (победи-порази), Реал Мадрид 4-2, Панатинаикос 4-2, Барселона 4-2, дарушафака 4-2, Басконија 4-3, Армани Милано 4-3, Фенербахче 4-3, Олимпијакос 3-3, Макаби 3-4, Црвена Звезда 3-4, Анадолу Ефес 3-4, Бамберг 2-5, Уникс Казан 2-5, Жалгирис 1-5, Галатасарај 1-5.