Кошарка
15. January 2016 - 9:03

Евролига: Фенербахче подобар од Локомотив Кубан

Кошаркарите на Фенербахче потешко од очекуваното славеа победа над Локомотов Кубан со 85-79.
 
Во мечот одигран синоќа во Истанбул, Фенербахче до победата дојде со фантастилната игра во последната четвртина која ја доби убедливо со 34:19. Богдан Богдановиќ со 18 поени.
 
Македонскот интерационалец Перо Антиќ во третиот триумф на турската екипа во ТОП 16, партиципираше со 8 постигнати поени и 3 скокови.
 
Ова беше натпревар од Е групата во кој вчера се одиграа и средбите, Панатинаикос - Црвена Звезда 63-74, Уникаха - Цедевита 90-67, додека денеска ќе играат Анадолу Ефес – Дарушафака.
 
Во групата Е беше пдигран само еден натпревар, во Москва каде ЦСКА ја победи Барселона со 93-82.
 
Во оваа група денеска ќе се играат натпреварите: Химки – Лаборал, Реал Мадрид – Жалгирис и Олимпијакос – Бамберг.
 
Е група - табела: Фенербахче 3-0 (победи-порази), Уникаха 2-1, Локомотив Кубан 2-1, Анадолу Ефес 1-1, Црвена Звзезда 1-2, Панатинаикос 1-2, Цедевита 1-2 и Дарушафака 0-2,
 
Ф група – табела: Олимпијакос 2-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 2-1, Бамберг 1-1, Лаборал 1-1, Барселона 1-2, Реал Мадрид 1-1, Химки 0-2, Жалгирис 0-2.