Кошарка
25. November 2016 - 9:20

Евролига: Фенербахче победи во Милано

Екипите на Реал Мадрид и на Фенербахче остварија победи на синоќа одиграните дуели од 9.коло од кошаркарската Евролига и останаа во водечката тројка на врвот на табелата заедно со ЦСКА Москва. Нив можат да им се приклучат и Басконија и Дарушафака, доколку победата на вечерашните дуели.
 
Реал Мадрид на домашен терен беше поуспешен од Уникс Казан, додека Фенербахче победи како гостина кај Армани Милано. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ (Фенербахче) постигна 7 поени.
 
Резултати и двојки за 9.коло: Реал Мадрид – Уникс 89:75, Армани Милано – Фенербахче 70:79, Анадолу Ефес – Црвена Звезда 100:79, Олимпијакос – Макаби 73:80 Жалгирис – Бамберг 86:72, ЦСКА – Басконија, Галатасарај – Барселона и Панатинаикос – Дарушафака (играат вечерва).
 
Табела: ЦСКА Москва 7-1 (победи-порази), Реал Мадрид 7-2, Фенербахче 6-3, Басконија 5-3, Дарушафака 5-3, Макаби 5-4, Олимпијакос 5-4, Панатинаикос 4-4, Барселона 4-4, Армани Милано 4-5, Црвена Звезда 4-5, Анадолу Ефес 4-5, Жалгирис 3-6, Галатасарај 2-6, Бамберг 2-7, Уникс 2-7.