Кошарка
19. December 2015 - 8:10

Евролига: Црвена Звезда последна избори ТОП 16

Кошаркарите на Црвена Звезда како последни успеаја да се пласираат во ТОП 16 фазата од Евролигата откакао на домашен терен го победија Баерн во последното коло.

Најефикасен на дуелот беше Кинси Милер со 21 поен, додека Марко Гудуриќ заврши со 16, но погодуваше во клучни моменти.

Резултати 10.коло:

А група: Химки – Фенербахче 68:70, Реал Мадрид – Стразбург 97:65, Црвена Звезда – Баерн 85:76.

Табела: Фенербахче 8-2 (победи-порази), Химки 5-5, Црвена Звезда 5-5, Реал Мадрид 5-5, Баерн 4-6, Стразбур 3-7.

Б група: Лаборал – Цедевита 92:70, Емприо Армани – Лимож 69:77, Олимпијакос – Ефес Пилсен 68:81.

Табела: Олимпијакос 8-2, Анадолу Ефес 6-4, Лаборал 6-4, Цедевита 4-6, Емприо Армани 3-7, Лимож 3-7.

Ц група: Жалгирис – Панатинаикос 72:75, Локомотив Кубан – Барселона 78:74, Зиелона Гора – Каршијака 81:83.

Табела: Локомотив Кубан 7-3, Барселона 6-4, Панатинаикос 6-4, Жалгирис 5-5, Каршијака 3-7, Зиелона Гора 2-8.

Д група: Дарушафака – Макаби 66:70, Бамберг – Динамо Сасари 86:54, Уникаха – ЦСКА Москва 76:88.

Табела: ЦСКА Москва 9-1, Уникаха 7-3, Бамберг 6-4, Дарушафака 4-6, Макаби 4-6, Динамо Сасари 0-10.  

Познати се и новите групи: Фенербахче, Локомотив Кубан, Анадолу Ефес, Уникаха, Панатинаикос, Црвена Звезда, Дарушафака и Цедевита (Е група), Олимпијакос, ЦСКА Москва, Барселона, Химки, Бамберг, Лаборал, Реал Мадрид и Жалгирис (Ф група). 

Натпреварите од ТОП 16 фазата ќе се играат од 29.декември 2015 до 8.април 2016 година.