Кошарка
27. October 2016 - 15:09

Евролига: Црвена Звезда ја совлада Барселона

 
 
 Кошаркарите на Црвена Звезда ја остварија втората победа во Евролигата. Тие синоќа на домашен терен ја победија Барселона со 76:65. Решавачка за победата беше втората четвртина што домашните ја добија со 31:15. Најефикасен на дуелот беше Марко Гудуриќ со 21 поен.
 
На другите натпревари одиграни синоќа од 3.коло:
 
Фенербахче – Жалгирис 82:68, 
Бамберг – Панатинаикос 83:84 и 
Макаби – Галатасарај 98:92.
 
На врвот на табелата со максимални три победи се наоѓаат екипите на ЦСКА Москва и Фенернахче.
 
Вечерва играат се играат првите дуели од 4.коло:
 
ЦСКА Москва – Уникс Казан,
Дарушафака – Ефес Анадолу, 
Милано – Реал Мадрид и 
Басконија – Олимпијакос.