Кошарка
26. October 2016 - 9:41

Евролига: Басконија победи во Мадрид

Екипата на Басконија (екс Лаборал Куча) го направи најголемото изненадување на отворањето на третото коло во кошаркарсктата Евролига. Басконија, во Мадрид, го победи Реал 91-87. На отворањето на третата евролигашка рунда победи покрај Басконија забележаа ЦСКА, Дарушафака и Олимпијакос.
 
Реал и Басконија одиграа исклучително квалитетен натпревар, пол но пресврти, а победата ја однесоа гостите од Баскија.
 
Басконија во текот на вторатат четвртина имаше предност и од 17 поени, но Реал успеа да се врати во мечот во последната четртина и на пет минути до крајот да стигне до позитива од осум поени.
 
Во неизвесната завршница на домаќинот му пресуди Јака Блажиќ кој на 10 секунди до крајот ја постигна победничката тројка.
 
Блажиќ мечот го заврши со 21 поен, од кои осум во последнатат четвртина, а поддршка доби од Војтман (18 поени) и Шенгелија (14 поени).
 
Кај Реал блескаше тинејџерот Лука Дончиќ со 15 поени, додека поен повеќе постигна Ајон.
 
Дарушафака победи во Казањ кај Уникс 94-87, Олимпијакос му го нанесе првиот пораз на Армани Милано, откако славеше со 91-81, а европскиот првак ЦСКА, во Истанбул славеше над Анадолу Ефес 93-87.
 
Во среда ќе се одиграат натпреварите Црвена ѕвезда-Барселона, Фенербахче-Жалгирис, Бамберг-Панатинаикос и Макаби-Галатасарај.