Кошарка
30. November 2016 - 12:32

Еврокуп: МЗТ Скопје гостува кај Цедевита

акедонскиот претставник во кошаркарскиот Еврокуп, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечер од 20 часот и 45 минути ќе го почне својот дуел против Цедевита на тернот на противникот во Загреб.
 
Ова е дуел од 6.коло во А групата во која единстевно македонскиот шампион досега е без победа, со загубени пет средби, додека Цедевита високо котира со четири победи и поради тоа е апсолутен фаворит на вечерашната средба.
 
На првиот денешен натпревар од оваа рунда играат
Нижни Новгород и Лиеткабелис (почеток 17:30 часот).
 
Слободна во ова коло е екипата на Гран Канарија.
 
Табела: Гран Канарија 5-1 (победи-порази), Цедевита 4-2, Лиеткабелис 3-3, Нижни Новгород 2-3, МЗТ Скопје Аеродром 0-5.