Кошарка
17. March 2017 - 15:29

Еврокуп: Хапоел се избори за „мајсторка“ против Валенсија

Кошаркарите на Хапоел Ерусалим се изборија за трет натпревар против шпанската Валенсија во полуфиналето на Еврокупот. 

 
Израелската екипа се избори за мајсторката откако попладнево пред својата публика победи со 79:66, со што го израмни резултатот на 1-1 во победи. 
 
Мајсторката ќе се игра на 22 април, во Валенсија. 
 
Вечерва во Малага, својот втор полуфинален меч ќе го играат Уникаха и Локомотив Кубан. На првиот одигран во Русија шпанската екипа забележа победа, па доколку и вечерва Уникаха победи ќе се пласира во финалето.