Балкан
14. April 2016 - 13:16

Еврокомисијата ги отфрли хрватските услови во преговарите со Србија

Европската комисија ги отфрли хрватските барања во преговорите за членство на Србија во ЕУ, кои практично го блокираа преговарачкиот процес на Белград и отворањето поглавјето 23, јави Хина, повикувајќи се на интерни документи на ЕК.

Станува збор пред се за барањето на Загреб за укинување на српскиот закон за универзална јурисдикција на Србија за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија.

Европската комисија, според интерните документи, смета дека ваквото барање на Хрватска не треба да биде услов за отворање на преговорите во поглавјето 23 кое се однесува на правосудство и основните права, при што се нагласува дека Брисел бил на ваков став уште од почетокот.