Македонија
15. January 2020 - 19:06

Еврокомесарот за проширување во посета на Скопје

Европската унија оваа пролет мора да ја поправи откомвриската грешка за Скопје и Тирана да ги стартуваат приспатните преговори. со оваа порака новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји пристигна во прва официјална посета на земјава. Потврди дека проширувањето на европското семејство останува високо на агендата на Едвропската комисија која до крајот на февруари ќе изготви вонреден извештај за напредокот на Македонија и Албанија, за овие две земји да добијат позитивна одлука уште на првиот состанок на Еврпскиот совет кој ќе се одржи на 26 март.

Реформските закони и натаму остануваат важни за пристапниот процес. Еврокомесарот Вархеји очекува до објавувањето на деталите за новата методологија за проширување на унијата, Македонија да го донесе и Законот за јавно обвинителство. прашан за бегството на екс премиерот Груевски во Унгарија од каде доаѓа и тој, Вархеји вели дека тоа е внатрешно прашање.

 Во реформите не спаѓа враќање на поранешен премиер од земја-членка на ЕУ. Се работи за национална способност, ЕУ или Комисијата нема што да кажат на ова прашање, најдобро е да го испратите до унгарските власти, рече Вархеји.

Фактот што токму Македонија е првата земја која еврокомесарот за проширување ја посетува по превземањето на функцијата на 1 ноември минатата година, според техничкиот премиер Спасовски е доказ за посветеноста на унијата и дава силна надеж дека до крајот на оваа година земјата ќе се оствари својата децениска стратешка цел.

Добивањето датум за старт на приспаните преговори беше во фокусот и на средбата Вархеји-Пендаровски. Преку писмено соопштение од неговиот кабинет посочуваат дека шефот на државата изразил уведување дека членството во унијата останува стратешка цел на земјава за што постои силен консензус и помеѓу политичките партии и помеѓу македонските граѓани. Пендаровски очекува деталите од новата методолија за проширување на унијата да бидат познати до март.

Во рамки на еднодневнста посета Вархеји се сретна и со спикерот Џафери и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.