Македонија
7. October 2020 - 19:46

Еврокомесарот бара независно Собрание - што велат пратениците?

Собранието да испорача реформи, законите да ги носи во редовна, а не скратена постапка, како и да дејствува независно од Владата и да врши надзор врз нејзината работа. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со прецизни пораки до народните избраници во Собранието по објавата на бриселскиот извештај за Македонија.

Од власта коментираат дека парламентот ја подобрил работата во изминативе три години.

За опозицијата пак, дека пречесто било злупотребено европскотот знаменце за законите.

Вархеји пред пратениците го презентираше и инвестицискиот план во делот на инфраструктирата и енергетиката, но и конкретните реформи кои Брисел ги очекува од нас, а имаше и билатерална средба со собранискиот спикер Талат Џафери.