Евроинтеграциите и приоритетите за влез во НАТО на владина седница
- Состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ и статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО е една од точките кои ќе бидат разгледани на седницата на Владата на Република Македонија закажана за утре попладне.
Како што соопштија од владината прес-служба, на седницата ќе се најде и предлог - законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи, информациите за модели за подобрување на функционирањето на проектот „Отворање на Народни кујни“, како и за текот на активностите поврзани со книгите од проектот за превод и печатење на 50 универзитетски учебници кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа за 2015 година.
Министрите на седницата ќе ја разгледаат и информацијата во врска со потребата од склучување на Анекс кон Договорот за доделување на државна помош склучен со Владата на Република Македонија и компанијата корисник на ТИРЗ Штип „Џонсон Контролс ДООЕЛ Штип“.
Министрите, во рамки на седницата, се наведува, ќе ја разгледаат и информацијата за изменување и дополнување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија за финансирање во однос на повеќегодишната Оперативна програма „Регионален развој“.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово