Кошарка
13. September 2015 - 18:15

Евробаскет: Србија подобра од Финска

Селекцијата на Србија е шестиот четвртфиналист на Евробаскет 2015, откако попладнево избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ ја оправдаа фаворитската улога против Финска и победија со 94:81.
 
По изедначената прва четвртина и водството на Финска од 24:23, следуваа три четвртини каде српските кошаркари беа подобри (25:19; 23:21 и 23:17).
 
Противник на Србија во четврфиналето ќе биде Чешка која беше убедлива со Хрватска 80:59.
 
Досега познати се три четвртфинални двојки на ЕП:
Франција – Летонија (вторник 21 часот)
Шпанија – Грција (вторник 18:30 часот) и 
Чешка – Србија (среда).
 
Последниот пар за 1/4финалето ќе се знае вечерва по одигрување на натпреварите:
Израел - Италија (18:30)
Литванија - Грузија (21).