Кошарка
14. September 2017 - 8:46

Евробаскет 2017: Србија последен полуфиналист

Кошаркарската репрезентација на Србија е последната која избори пласман во полуфиналето на Евробаскетот 2017. На синоќа одиграниот дуел во Истанбул од четвртфиналето Србија ја победи Италија со 83:67 (18:17; 26:16; 15:15 и 24:19). 
Кошаркарите на Србија беа подобри во три четвртини и сосема заслужено стигнаа до триуимфот.
Најефикасен кај Србија беше Богдан Богдановиќ со 22 поена, додека за Италија најмногу 18 уфрли Марко Белинели.
Вечерва се игра првото полуфинале меѓу Шпанија и Словенија со почеток во 20:30 часот, додека Србија против Русија ќе игра во полуфиналето во петок.