Кошарка
2. September 2017 - 17:43

Евробаскет 2017: Франција ја надигра Грција

 
 
Во првиот дерби меч од денешната програма на Евробаскетот 2017 селекцијата на Франција славеше победа над Грција. 
 
Во натпревар од 2,коло на А групата чиј домаќин е Хелсинки, селекцијата на Франција ја победи Грција со 895-87. За „триколорите“ ова беше прва победа по поразот од ко-домаќинот Финска во првото коло. Во првиот меч од оваа група Полска убедливо со 30 поени разлика го совлада Исланд 91-61. 
 
Во досега единствениот одигран меч од Б групата, Германија со 67-57 ја победи Грузија. Во оваа група денеска се играат и средбите Украина – Италија  и Израел – Литванија. 
 
Во рамките на Ц групата чиј домаќин е романскиот град Клуж, репрезентацијата на Црна Гора со 24 поени разлика беше подобра од Унгарија (72-48). Шпанија веќе има убедлива предност во мечот против чешка кој е во тек, а последниот дуел во Тел Авив ќе ќе играат и Израел – Литванија. 
 
Во последната Д група чии средби се играат во Истанбул, Летонија ја надигра Белгија со 92-64. Во тек е мечот Русија – Србија, а вечерва ќе играат и Турција – Велика Британија.