-->
-->
Евробаскет 2017: Без пречки за Србија и Шпанија
-->
Кошаркарските репрезентации на Србија и на Шпанија постигнаа високи победи против Белгија односно Унгарија во натпреварите од 5.коло одиграни попладнево од групната фаза на Европското првенство во кошарка.
Во рамките на групата Ц Шпанија со триумфот над Унгарија ја продолжи серијата победи (пет од пет) и со Словенија се единствените две непоразени селекции на шампионатот.
На дуелите од групата Д Србија и Русија победија, но за пласманот во групата ќе го чекаат исходот од последниот натпревар меѓу ко-домаќинот Турција и Летонија.
Двојки 5.коло Ц група: Чешка – Хрватска 69:107, Унгарија – Шпанија 64:87. Вечерва играат Црна Гора – Романија (почеток 19:45 часот).
Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Хрватска 4-1, Црна Гора 2-2, Унгарија 2-3, Чешка 1-4, Романија 0-4.
Двојки 5.коло Д група: Русија – Велика Британија 82:70, Белгија – Србија 54:74. Вечерва играат: Летонија – Турција (почеток 19:45 часот).
Табела: Србија 4-1, Русија 4-1, Летонија 3-1, Турција 2-2, Белгија 1-4, Велика Британија 0-5.
Утре на првенството е слободен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот