Кошарка
8. September 2015 - 18:32

Евробаскет 2015: Словенија славше над Холандија

Словенија ја оствари втората победа во рамки на групата Ц во Загреб, откако славеше над Холандија со 81-74.
 
Репрезентативците на  Словенија охрабрени од лесниот триумф над Грузија одлично го почнаа натпреварот и експресно поведоа со двоцифрена разлика. Но Холанѓаните со ангажирана игра успеаја да се вратат целосно во мечот. Така што, на пет минути до крајот, резлтатот беше израмнети 57-57.
 
Словенците се разбудија во вистински момент, па со серија од 10-2 успеаја да стигнат до втората победа..
 
Препелич со 16 поени беше најефикасен кај Словенија, а Драгиќ и Блажич постигнаа по 13 поени, додека најпрецизен кај Холандија беше Клоф со 25 поени. 
На дуелот од групата Б во Берлин Србија го поб еди Исланд со 93:64. Со тоа ја оствраи третата победа и обезбеди пласман во осминафиналето во Лил. 
Осминафиналист е и Франција која има истотака максимални три победи во рамките на групата А.
Вечерва од 21 часот во Загреб се игра дуелот Хрватска - Македонија со пренос на програмата на СИТЕЛ.