Македонија
19. March 2018 - 8:42

Евроамбасадорот Жбогар во посета на Гостивар

- Евроамбасадорот Семуел Жбогар денеска ќе го посети Гостивар каде ќе ја промовира кампањата „ЕУ за тебе“.

Жбогар ќе се сретне со градоначалникот Арбен Таравари, а ќе присуствува и на потпишувањето на меморандумот за разбирање со фондацијата „Метаморфоза“ за проектот за подобрување на паметниот туризам, финансиран од ЕУ со 375.000 евра.

Евроамбасадорот ќе има средби и со неколку невладини организации кои имплементираат проекти подржани од ЕУ, за подобрување на правата на граѓаните, демократијата и мултикултурализмот во Гостивар