-->
-->
ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови
-->
На Европското првенство 2020 не е завршено ниту второто коло од групната фаза, а поставен е рекорд по постигнати автоголови. Петмина играчи досега ја погодија сопствената мрежа на 16. Европско првенство, а два од нив се дела на фудбалерите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро на дербито со Германија кое е во тек.
Покрај Португалците, на ЕВРО 2020 автогол си дадоа уште и: Матс Хумелс од Германија на мечот со Франција (0:1), голманот на полската репрезентација Војчех Шчесни на средбата со Словачка (1:2) и дефанзивецот на турската репрезентација Мерих Демирал во мечот со Италија (0:3).
Досегашниот рекорд изнесуваше три автогола поставен на ЕВРО 2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота