Фудбал
23. May 2016 - 15:49

Евра во Јувентус уште 2 сезони

 
 
 Фудбалерот на Јувентус, Патрис Евра и следната сезона ќе настапува за италијанскиот шампион уште две сезони, објавија тамошните медиуми.
 
Договорот на Французинот со „Старата Дама“ истекува на крајот на јуни, а во изминатиот период беше неизвесно неговото останување во клубот од Торино.
 
Сепак, последните информации што доаѓаат од Италија, се во прилог на продолжување на престојот на францускиот фудбалер во редовите на шампионот.
 
Евра во Јувентус пристигна од Манчестер Јунајтед во 2014 година. Оваа сезона на 26 натпревари постигна три погодоци.
 
За ангажман на Евра интерес покажуваат и клубово од американската МЛС лига.