Македонија
12. August 2016 - 12:53

ЕВН Македонија ги приклучува граѓаните од најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион

И натаму важи апелот до граѓаните да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли.
 
ЕВН Македонија го нормализира снабдувањето со еклектрична енергија во уште 2000 домови во најпогодениот регион од полавите во скопско.
 
Од вкупно 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме скорo сите се под напон. Сеуште се работи на одстранување на дефектите на десетина трафостаници кои се под вода. Се работи и на реконструкција на дистрибутивната мрежа во деловите кои беа однесени од големите води.
 
И натаму важи апелот до граѓаните да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли.
 
Ова мора да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри зидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија.
 
Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион и ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето.
 
Се оспособува трафостаница по трафостаница и се проверува секоја инсталација кај секој корисник.Секаде каде што е безбедно ќе се приклучи електрична енергија. Без напојување и натаму ќе останат само домовите каде не е безбедно да се пушти напон и корисниците кои сами не сакаат да бидат приклучени додека не ја санираат внатрешната инсталација.
 
Делот од населените места каде немаше големи поплави веќе е под напон, а екипите работат на евентуални помали прекини во мрежата на низок напон.