Бизнис
12. December 2018 - 21:19

ЕВН и ЕЛЕМ во конкуренција за избор на универзален снабдувач

ЕВН и Елем трејд фирма ќерка на државните електрани во  кокуренција за избвор на универзален снабдувач- фирмата која ќе испорачува  струја до сите домаќинства кои нема да  излезат на слободен пазар. Еднстевно овие две фирми се јавија на тендеророт. Основен критериум за тоа кој ќе ја добие оваа функција е бруто маржата -  во која влегува заработката на компанијата., покривање на загубата тропоците, амортизацијата. На повикот ЕВН понуди  маржа од 14,4 проценти, додека  ЕЛЕМ трејд 14,9 отсто. Во следниот период следи процес на евалуација на понудите. Но надлежните очекуваат унивезралниот снабдувач да се знае до крајот на годинава.

Иако се очекуваше  да има поголем интерес,  од регулаторната се задоволни и од овие две компании затоа што ова е прв ваков тендер во регионот. 

Во случај да не успее повикот постапката ќе биде повторена уште еднаш ако и  по вторпат не се избере во тој случај владата ќе може да назначи компанија. Ако се одолговлечи  постпаката за изор на универзален, граѓаните ќе ја добиваат струјата од ЕВН Македонија.   

Изборот на универзален снабдувач е поради процесот на либерализајата која треба да стартува од следната година.