Македонија
4. јуни 2020 - 12:14

ЕВН да ги коригира високите сметки, постои можност да остане без лиценца

ЕВН може да остане без лиценца за работа ако не го реши проблемот со високите сметки за струја.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека граѓаните се жалат и натаму дека броилата не се отчитуваат и сметките не се порамнети.

Регулаторна досега посредувала по 150 претставки од граѓани.

Бислимовски им наредува на ЕВН да го надминат проблемот за да не се преземаат санкции кон операторот кои можат да бидат прекршочни или во краен случај одземање на лиценцата. Бислимовски ги повика граѓаните да не го авансираат ЕВН со тоа што ќе плаќаат нешто што не потрошиле и сами да си ги отчитаат податоците.

Тие податоци да ги достават до ЕВН кој е должен да ја коригира сметката.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова