-->
-->
Евертон купи фудбалер од Ајакс
-->
Капитенот на Ајакс, Дејви Класен, потпиша договор со членот на англиската Премиер лига, Евертон. 24-годишниот фудбалер со Евертон договори петгодишна соработка.
Класен има 24 години, а за холандскиот великан Ајакс настапуваше шест сезони. Трансферот на Класен на „Гудисон парк“ може да значи заминување на Рос Баркли, кој сè уште го нема продолжено договорот.
Евертон нема да го продаде Баркли за помалку од 50 милиони евра.
Класен за Ајакс одигра преку 200 натпревари, освои три шампионски титули, а минатата сезона го предводеше тимот до финалето на Лига Европа.
Дејви Класен е второто засилување за Евертон во овој преоден рок откако претходно за сума од 28 милиони евра клубот го купи голманот на Сандерленд, Џордан Пикфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд