Фудбал
21. July 2018 - 10:24

Евертон дебело го одврза кесето

Бразилецот Ришарлисон е блиску до трансфер во Евертон за рекордна сума од 50 милиони фунти, објави Би-би-си. Ришарлисон вниманието врз себе го сврте минатата сезона со одличните настапи во дресот на Вотфорд.

Ришарлисон во 2017 година од Флуминенсе за сума од 11,5 милиони фунти пристигна во Вотфорд и тогаш потпиша петгодишен договор.

Новиот тренер на Евертон, Марко Силва, добро ги знае квалитетите на Бразилецот бидејќи го тренира во Вотфорд.