Еве зошто треба да се јаде чоколадо
Луѓето кои јадат чоколадо барем еднаш во денот биле подобри на тестовите на когнитивни способности од оние кои во него уживаат ретко, покажа една нова студија која ја спроведоа научниците од Универзитетот во Мајн, Универзитетот во Јужна Австралија и Институтот за здравје во Луксембург.
Во студијата објавена во списанието „Апетит“ учествувале 968 луѓе на возраст од 23 до 98 години. Научниците веруват дека редовното конзумирање какао флаванол може да биде еден од неколкуте фактори кои ги објаснуваат когнитивните придобивки кои ги дава чоколадот.
Исто така, тие велат, дека ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетес тип 2 е понизок кај оние кои редовно конзумираат чоколадо.
Научниците заклучија дека идните истражувања ќе обезбедат дополнителен увид во поврзаноста на чоколадото богато со какао флаванол и невропсихолошкото здравје и во механизмите кои ги поврзува.
Тие сметаат дека во идните студии ќе биде важно да се истражуваат оптималните колични на конзумриање чоколадо за краткорочни и долгорочни ефекти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација