Џет-Сет
13. July 2017 - 21:58

Еве што велат пријателите: Се разведуваат Ана и Дарко?

Неодамна почна да се зборува дека познатата пејачка двојка Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се пред развод, поради наводното нејзино неверство во Аца Лукас, но нивните пријатели тврдат дека се е во ред со нив.

Имено, Николина и Саша Капор кои исто така пред некое време беа актуелни кога се пишуваше за нивниот развод, одлучно ја отфрлија можноста дека кај Ана и Дарко нешто не е во ред.

- И за нас се зборуваше дека се разведуваме, па не се разведовме. Ана пред се е добар човек, добра мајка и одличен пријател и беше покрај нас кога ни беше најтешко, посебно кога имавем сообраќајка, рече Николина.

На прашањето дали кај пријателите забележале промени во однесувањето, кавги и несогласувања, Саша Капор открива:

-Ние кога и да се сретнеме, тоа се журки, славења, веселби и се секогаш е позитивно...Се случувало, понекогаш јас и Дарко да изгинеме во провод, а тогап ниту Николина, ниту Ана не реагирале позитвно, вели низ насмевка Саша Капор.