Живот
23. January 2017 - 23:28

Еве што ќе случи ако оставите неиспиен пијалок на гости или ако девојката му подари на момчето часовник

Меѓу нашиот народ секогаш се верувало дека некои појави можат да ги предвидат појавите кои следат. Постојат голем број непишани правила кои се однесуваат на работи кои можат да донесат среќа или несреќа. 

Колку пати само сте слушнале „помести се од место“ или „чукни во дрво“ : Во продолжение следат некои необични и со децении стари народни верувања во кои повеќето веруваат, сакале или не да признаат, сепак веруваат.

1. Не го оставај пијалокот не испиен на гости, така им оставаш караница во домот.

2. Што сонуваш првата ноќ во новиот стан, ќе ти се исполни. Исто така, кога прв пат спиеш во туѓ кревет, запамти што си сонувал, тоа ќе ти се исполни.

3. Ако рано наутро ти се случи некоја неприлика, тој ден не започнувај ништо важно.

4. Кога прв пат земате бебе во раце, замислете желба. Во рок од една година ќе ви се исполни.

5. Кога ќе видиш пајак на себе, на своето одело, те чека изненадна среќа.

6. Ако се споменува некоја несреча, болест или било која лоша работа, треба да се поместиш од место, да не ти се случи исто.

7. Ако девојката му подари часовник на момчето, или тој на неа, времето за нив ќе застане - им следува разделба.

8. Не треба да се менува вереничкиот прстен, да не би се свртел животот.