Џет-Сет
26. November 2015 - 17:54

Еве што и порача Северина на својата сестра која не го одобрува бракот со Игор

Тазе госпоѓата Којиќ со овој гест јасно покажа што мисли за изјавите на нејзината сестра  која поради тоа што пејачката се омажила за Србин не дошла на нејзина венчавка. Сестрата на Северина Зденка Жуниќ се огласи и кажа дека не го одобрува бракот на пејачката и Игор кој го нарече „естраден циркус“. Но по се изгледа дека ваквата изјава не ја загрижи многу хрватската ѕвезда, бидејќи веќе од одамна таа и најде замена  во сестрата на Игор Наташа Којиќ.
 
Имено, Северина која вчера ја објавила Наташа на својот профил на Инстаграм напишала коментар „недостасуваше“, а Наташа и одговорила „се слушаме кога ќе си дојдеш на себе“.
 
 
Очигледно е дека Северина е супер прифатена од семејството Којиќ, за разлика од нејзиното кое не го прифаќа Игор.