Еве што и кажа Ким на неговата сестра кога се врати од Јужна Кореја: Обраќањето на лидерот го шокираше светот | Сител Телевизија
Свет
13. February 2018 - 11:35

Еве што и кажа Ким на неговата сестра кога се врати од Јужна Кореја: Обраќањето на лидерот го шокираше светот

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на делегацијата што присуствуваше на отворање на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, им изјави дека е важно да се постигне „топла клима на помирување и дијалог“, објавија севернокорејските медиуми.
 
Тој изрази задоволство што Јужна Кореја се потруди севернокорејската делегација да биде приоритет.
 
- Многу е важно да продолжат добрите резултати со понатамошно оживување на климата на доверба и дијалог, која создаде силна желба и заедничка волја помеѓу Северна и Јужна Кореја, истакна Ким.
 
Во меѓувреме, во Обединети нации Пјонгјанг побара од генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш да организира меѓународен форум од правни експерти, за да се разјаснат се поригорозните санкции на Советот за безбедност на ОН, кои го загрозуваат „правото на постоење“ на Севернокорејците.
 
Во соопштението на севернокорејската мисија во ОН се посочува дека интензивираните санкции поттикнати од САД и нивните приврзаници создаваат блокада, го нарушуваат суверенитетот на земјата и го кршат меѓународното право.
 
Севернокорејската мисија го обвини СБ на ОН дека се однесува нецивилизирано со тоа што сака да ја врати Северна Кореја во историјата со тоа што го крши правото на живот и развој на нејзините граѓани.
 
- Северна Кореја побара од секретаријатот на ОН да организира правен форум пред една година, но барањето е одбиено, се посочува во соопштението на севернокорејската мисија.