Ракомет
18. January 2018 - 21:38

Еве колку пари ќе добијат македонските ракометари за успехот во првата фаза

Македонските ракометари кои без пораз ја минаа првата фаза од Европскиот шампионат во Хрватска, повеќе од сигурно е дека ја заслужија и првата ветена премија од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Пласманот во втората фаза на првенството значи и награда од 30.000 евра која ја вети РФМ, по одлуката на Управниот одбор донесена пред патувањето за Хрватска.

По прикажаното во првите три меча, но и позицијата број 1 од која ќе го почнат вториот дел од шампионатот, реално ветува и висок пласман, па така доколку на крајот црвено-жолтите завршат меѓу шесте најдобро пласирани, ќе поделат уште дополнителни 30.000 евра.

Целата македонска јавност се надева дека РФМ ќе ја исплати и премијата од 100.000 евра, која им беше ветена како награда за евентуален пласман во полуфиналето.

Втората фаза од првенството Македонија ќе ја почне во недела, со дуелот против Шпанија.