Живот
18. December 2019 - 21:30

Еве колку е врело во Австралија: Оставил свински бут во автомобилот, а по 10 часа имал што да види

Во Австралија во вторникот на 17 декември е измерена просечна максимална температура од 40,9 степени Целзиусови и тоа беше најтопол ден од почетокот на мерењето.

Веќе шести ден по ред температурите не се спуштаат под 40 степени.

На тие екстремни горештини се топи дури и асфалтот на патиштата кој работниците го полеваат со вода.

Колку е жешко, покажува и снимката од Сту Пенеглеи од Перт. Тој купил 1,5 килограми свински бут и одлучил да го остави во автомобилот 10 часа за да види што се случило.

Тука бил и термометарот за да ја следи температурата.

Од утрото, кога било 30 степени, се искачила до 81 степен до пладне. Пегели вели дека во автомобилот веројатно било потопло зошто немал затемнети стакла.

„Немојте ништо и никого да оставате во врел автомобил. Ако видите деца или домашни миленици како седат во автомобил, немојте да се двоумите да ги скришите прозорците“, рече тој.

Инаку, претходниот топлотен рекорд во Австралија бил во јануари 2013 година, кога просечната температура била 40,3 степени Целзиусови.

Се очекува дека новиот рекорд наскоро ќе биде надминат поради ширење на топлотниот бран кој би можел драматично да ги засили шумските пожари во земјата.