-->
-->
Еве колку чини да се направи новиот Самсунг телефон, а колку е неговата продажна цена
-->
Компанијата IHS истражила колку навистина Самсунг Галакси С7 вреди, односно колку чинат сите негови делови поединечно. Според нивното истражување, цената на сите делови на овој Самсунг телефон изнесува 255 долари што е околу 14.000 денари.
Како најскап дел издвоен е Qualcommov SoC – Snapdragon 820 чија цена е 62 долари односно 25 проценти од вкупната цена.
Екранот на Галакси С7 телефонот чини 55 долари, 32 GB NAND меморијата 7,25 долари, сензорите 4,65 доалри а 4 GB RAM 25 долари.
Камерата за која Самсунг наведува дека е најдобра на свет чини 14 долари, а склопувањето на сите овие делови и наведени компоненти IHS ги проценува на 5 американски долари.
Цената на Самсунг Галакси С7 во Македонија е околу 44.000 денари, што е повеќе од 3 пати во однос на цената за сите делови.
Секако во цената која ја има пресметана IHS не се вклучени големите суми потребни за развој, плати на вработените, маркетинг инт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност