Џет-Сет
19. December 2017 - 23:27

Еве кој дојде кај Цеца на слава: Познатите стигнаа со полни раце подароци

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска ја слави семејната слава Свети Никола, по српски традиционални обичаи, во друштво на пријателите и семејството. Пејачката блесна и со насмевка ги дочекуваше своите драги гости.

Семејството Ражнатовиќ е во одлично расположение, а како што вели Цеца, ним овој ден од утро им е весел.

Анастасија стигна пред гостите, додека Вељко како вистински домаќин цело време беше присутен и надгледуваше што се е подготвено.

Традиционално, кај нив денот е мирен, а гостите вечерва почнаа да пристигаат.

Меѓу нив можеа да се видат бројни колеги од естрадата, политичари, актери и други драги луѓе.

Меѓу првите гости пристигна Драган Марковиќ Палма во друштво на сопругата.

По него стигна и долгогодишната пријателка на Цеца, фризерката Светлана Бубања Буцка со преубав букет во рацете.

Вечерва во семејството Ражнатовиќ стигна и свештеник.

Набрзо потоа стигна и пејачката Слаѓа Алегро со сопругот која моментално е во петиот месец од бременоста.

Стигна и големиот пријател на Цеца, актерот Милан Калиниќ со голем букет во рацете.

По него стигна и актерската екипа Вук Костиќ и Виктор Савиќ.

Пејачот Саша Ковачевиќ стигна со насмевка на лице,

Стигна и големиот пријател на семејството Ражнатовиќ, креаторот Саша Видиќ.

Меѓу гостите стигна и анонимна жена која е голем фан на Цеца која и донесе икона на подарок.