Македонија
17. July 2015 - 18:50

Еве какво време не очекува викендов

 

Времето утре во Македонија сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Попладне на крајниот запад со услови за краткотрајна нестабилност. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. 

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во охридско преспанскиот регион ќе биде сончево со мала доумерена облачност. 

Утринската температура до 18, а дневната ќе достигне до 31 степен. 

Во дојранскиот регион сончево и топло.

Утринската температура до 20, а дневната околу 39 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната недела кога во југоисточниот дел на земјава на повеќе места се очекува температурата да достигне околу 40 степени, а УВ индексот ќе продолжи да има висока вредност 8.