Еве какво време не очекува до крајот на неделава
Македонија денеска е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која претпладнево условува претежно облачно време со слаб локален дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, локално ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен, особено во јужните и источните делови.
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер. В петок ќе биде променливо со слаб локален дожд.
Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има в сабота кога локално се очекуваат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови од земјава.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето