Македонија
29. January 2017 - 8:07

Еве какво време не очекува денеска

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус четири, а дневната од минус два до четири степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и до крајот на денот ќе има зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до еден степен.

До среда ќе се задржи претежно стабилно и суво време. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Утринските температури и натаму ќе бидат под нулата.