Македонија
1. October 2017 - 18:02

Еве какво време не очекува

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 24 Гевгелија, 23 Демир Капија, 22 Струмица, 21 Скопје, Штип, 20 Прилеп, Виница, Тетово, 19 Претор, Битола, 18 Тополчани, Охрид, Берово, 17 Ѓуриште, Крива Паланка, 15 Пожаране, Лазарополе, 12 Маврово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Под влијание на стабилна и сува воздушна маса во поголемиот дел од земјава преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност, а во северните и западните делови локално имаше зголемена облачност. Дуваше слаб ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура од 4 до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени. Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите од 7 / 22 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.