Македонија
14. јуни 2017 - 18:31

Еве какво ќе биде времето утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне и околу пладне во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилноста ќе се прошири кон југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 30 степени.