Македонија
6. February 2016 - 18:12

Еве какво ќе биде времето утре во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до десет степени.

Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.