Живот
20. October 2016 - 10:10

Еве како навистина изгледа сексот со проститутка во Амстердам

Блогот Amsterdam Diaries е груб водич низ односот помеѓу проститутките и клиентите – од причината за посетата до техничките детали и опис на „уживањето“.

Блогот Amsterdam Diaries привлекува околу 100 илјади посетители месечно, а според зборовите на неговиот автор „веројатно најдетално е документирано истражувањето во односот и трансакцијата на проститутката и клиентот“. Освен експлицитни фотографии на пруститутки без приказ на нивното лице, на блогот опишувал и експлицитни сексуални искуства со професионалки, наведувајќи дека „се уште полуди отколку што можете да си замислите“. Авторот се претставува под псевдонимот „Lange” и се согласил за интервју со американскиот портал Vice.

Што можеш да кажеш за себе?  

Доаѓам од работничко семејство, завршив факултет и работам добра работа. Се оженив премногу млад и после тоа се разведов.

Зошто почна да посетуваш секс – работнички?

Не постои рационално објаснување, немаше предумисли, планирање, никаков напален апетит кој требаше да се задоволи. Една ноќ сам бев на плажа и си реков ’Што по ѓаволите правиш сам во 20 часот навечер на Бадник?’ Бев среде развод и не бев расположен за Божиќ. Заклучив дека веројатно би ми одговарало женско друштво, а кога би имала 25 години, би била пеколно згодна и Јапонка (знам, тоа е влијанието на порнографијата), и тоа би било одлично. Рационално анализирав колку се мали шансите да се случи тоа без да платам. Во суштина, сакав друштво за секс – не врска.

Па, отиде во Амстердам 

Да, и беше одлично, за маж кој долго време таа година немал секс. Кратките и остри сексуални искуства беа многу убави, но не беа она што го барав. Сакав многу поинтимно искуство отколку секс во бројки кои ги нудат прозорците во Црвениот кварт. Одлучив тој ден некако да го променам концептот. Едно попладне посетив една девојка Холанѓанка и имав вистинско „девојка искуство“.

Што е тоа? 

Искуството „девојка“ со проститутка за мене е посекси отколку самиот секс со вистинска девојка. Значи, ние имаме секс, но таа исто така се бакнува со мене, се прегрнуваме итн. Секако, се` е вклучено во цената. Не можете само да се појавите во Црвениот кварт, да чукнете нја стаклото и да го очекувате тоа, но сепак, може да се случи. Понекогаш дури доаѓав неколку пати за романтично да ја заведувам проститутката пред самиот секс.

Што добиваш од искуствата со проститутките, а не можеш да го добиеш со жени кои не треба да ги плаќаш?

Немам многу прилики за состаноци и односи на местото каде што работам. Освен тоа, не го запознавам баш типот на жени каков што ме интересира – воопшто не ме интересираат оние на моја возраст. Исто така, претпоставка е дека со тек на време сексот станува здодевен, барем така беше кај мене. Вистината е дека обично се појавува цела низа проблеми со сексот во долгите врски. Една константа кај проститутките е дека можете да побарате што и да посакате во сексот, таа нема да ви се налути. Таа ќе рече или да или не, а нема да се лути на крајот и да направи драма околу тоа.

Дали се сметаш себеси за зависник од секс? 

Секако дека не. Неверојатно е колку често се појавува тоа прашање штом се зборува за проституција. Ако мажот секој втор ден има секс со сопругата, генерално се смета дека тие двајцата се нормални и здрави. Мажот кој сака да има секс со жената секој ден се смета за некој вид на секс-машина, но и понатаму е нормален. А, мажот кој посетува проститутка еднаш на секои шест недели се смета за зависник од секс...

Колку пари си потрошил на секс? 

Кога се` ќе се собере и изброи, цифрата малку ме боли. Со тек на време, износот е голем, но ако ја гледам секоја посета посебно, тоа е нешто што можам да си го дозволам. Постои една девојка за која воопшто не ми е проблем да платам 550 долари за два часа, додека некогаш плаќам и „поевтини“, односно 150 долари за час.